Достапни линкови

САД веќе не го поддржуваат претседателот на Јемен


Претседателот на Јемен Али Абдула Салех

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех

Весникот Њујорк Тајмс пишува дека Соединетите држави го советувале претседателот на Јемен Али Абдула Салех да ја напушти функцијата. Тоа, според весникот, е пресвртница во американските односи спрема повеќегодишниот сојузник во борбата против тероризмот во регионот. Њујорк Тајмс цитира официјален јеменски претставник дека Вашингтон притиска за транзиција на власта во земјата. Над 50 луѓе загинаа во антивладините протести во таа земја кои почнаа во февруари.
XS
SM
MD
LG