Достапни линкови

Назарбаев доби 95,5 насто од гласовите на изборите во Казахстан


Нурсултан Назарбаев со сопругата Сара

Нурсултан Назарбаев со сопругата Сара

Нурсултан Назарбаев обезбеди уште еден петгодишен мандат како претседател на Казахстан откако ги доби скоро сите гласови на вчерашните избори. Централната изборна комисија денеска соопшти дека првичните резултати покажуваат оти 70 годишниот Назарбаев добил 95,5 проценти. Претходно, Комисијата објави дека на изборите излегле 90 насто од граѓаните со право на глас. Учеството на другите тројца кандидати, според новинските агенции, било симболично со оглед на фактот што и тие јавно го поддржале Назарбаев кој над 20 години владее во земјата.
XS
SM
MD
LG