Достапни линкови

Папандреу прими порака од Гадафи


Јоргос Папандреу

Јоргос Папандреу

Грција соопшти дека владата предводена од Либискиот лидер Моамер Гадафи очигледно е во потрага по излез од конфликтот со бунтовниците кои бараат Гадафи да се симне од власт. Тоа го соопшти грчкото министерство за надворешни работи по вчерашната средба во Атина на либискиот министер за надворешни работи Абдул ати Ал Обеиди со грчкиот премиер Јоргос Папандреу вчера во Атина кој му ја пренел таа порака од Гадафи. Во соопштението од грчкото министертво за надворешно рабти е наведено дека на состанокот двајцата функционери разговарале за „потребата од решение“. Во петокот Ал Обедини изјави дека владата на Гадафи се обидува да започне разговори со САД, Британија и Франција за излез од кризата. Во меѓувреме борбите меѓу бунтовниците и силите на Гадафи во градот Брега се уште траат.
XS
SM
MD
LG