Достапни линкови

logo-print

Излезноста на изборите во Казахстан е 84 проценти


Повеќе од три четвртини од жителите на Казахстан гласале на денешните претседателски избори во земјата. Како што соопшти Државната изборна комисија, 84 отсто од граѓаните го оствариле правото два часа пред затворањето на гласачките места. Станува збор за поголема излезност во споредба со изборите во 2005 година кога 76,8 проценти од жителите се појавија на гласачките места. Се претпоставува дека е извесна победата на актуелниот шеф на државата Нурсултан Назарбаев, кој ако ги добие мнозинството гласови би останал на власт уште пет години. Тој владее со Казахстан веќе две децении, од времето кога централноазиската земја беше дел од Советскиот сојуз. Инаку, станува збор за вонредни избори кои се распишаа откако Уставниот совет на земјата го прогласи за неуставен референдумот на кој се предлагаше продолжување на мандатот на Назарбаев до 2020 година. Меѓународната заедница до сега нема забележано ниту еден слободен и фер гласачки процес во Казахстан.
XS
SM
MD
LG