Достапни линкови

logo-print

Власта да ја спречи продажбата на згради на телекомот, бараат од СДСМ - Владата реагира


СДСМ бара од Владата како акционер и сопствeник на златна акција да спречи донесување одлука зa огласот на Македонски Телеком за продажба на четири деловни згради во центарот на Скопје, за кој Собранието на друштвото треба да се изјасни на 14 април. Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес-конференција, рече дека „случајот на распродажбата на зградите на Македонски Телеком и Т-мобиле“ не е случајна според моментот кога се случува. Тој изјави дека огласот за продажба на зградите Македонски Телеком бил објавен пред Нова Година, со период за прибирање понуди од 25.12 до 11.01, „кој доколку се сака да се добие вистинска цена нема да го одберете баш тој период, освен ако однапред не го знаете победникот“. Дополнителен сомнеж фрла условот од огласот, односно, понудувачите да не смеат да присуствуваат на отворањето на понудите, смета опозицијата. Владата преку писмена реакција ја информира јавноста дека државниот претставник во АД Македонски Телекомуникации, кој е претставник на малцинскиот капитал во компанијата, „како и досега ќе постапува согласно Законот и интересите на државата“.
XS
SM
MD
LG