Достапни линкови

Двајца полицајци загинаа во протестите во Авганистан


Двајца полицајци загинале во немирите во Кандахар, во истоимената авганистанска провинција. Дваесет лица се повредени во протестите кои избија поради палењето на Куранот во Соединетите американски држави. Меѓу нив се и две деца, потврдија локалните власти. Денешните протести се случуваат по вчерашните немири во кои загинаа десетмина, а авганистанските власти потврдија дека се протестира и во градот Јалалабад. Американскиот претседател Барак Обама ја осуди постапката на американскиот христијански свештеник кој ја запали светата книга, но и протестите во Авганистан, кои избија еден ден откако четворица авганистанци и осуммина странци загинаа при упад во канцелариите на Обединетите нации во земјата.
Портпаролот на мисијата на Обединетите нации во Авганистан, во изјава за Радио Слободна Европа, потврди дека за сега нема планови за евакуирање на претставниците на светската организација од земјата.

„Сега е премногу рано да се шпекулира кога други демонстрации ќе настанат во земјата. Тоа што го видовме од нападите врз нашата канцеларија е дека напади во Авганистан може да се случат било каде“ рече Ден Мекнортон.
XS
SM
MD
LG