Достапни линкови

Италијанска компанија заинтересирана за Коридорот 10


Италијанската железничка компанија „Трениталиа“ е заинтересирана за учество во изградбата на железничкиот Коридор 10 и за развој на железничката мрежа од Бар кон Белград, Темишвар и Киев од Коридорот 11, изјави генералниот директор на италијанските железници Мауро Морети. Морети, кој е и потпретседател на Меѓународната железничка унија и претседател на Заедницата на европските железници, во изјава за Танјуг потврди дека Италија сака да помогне во развојот на железничкиот транспорт на Балканот, со цел земјите од регионот да се поврзат со остатокот од Европа, каде, како што рече, се создава единствен пазар на транспортни услуги. Првиот човек на „Трениталиа“ најави и дека Италија во најскоро време ќе обезбеди најсовремени возови кои ќе сообраќаат на релација Белград-Венеција.
XS
SM
MD
LG