Достапни линкови

Нови протести во Кандахар поради палењето на Куранот во САД


Нови протести избија во Кандахар денеска, во истоимената авганистанска провинција, еден ден по немирите во кои загинаа 10 лица. Стотици насобрани, многумина од кои млади мажи, извикуваат „Смрт за Америка„ и „Смрт за Карзаи“. Десетици лица се повредени. Авганистанските власти потврдија дека протести се случуваат и во градот Јалалбад. Немирите настанаа по палењето на куранот во црква во Соединетите американски држави. Американскиот претседател Барак Обама ја осуди постапката на американскиот христијански свештеник, но и протестите во Авганистан, кои се организираа еден ден откако четворица авганистанци и осуммина странци загинаа при упад во канцелариите на Обединетите нации во земјата.
XS
SM
MD
LG