Достапни линкови

„Коха Диторе“: Криза во косовската владина коалиција


Алијансата за ново Косово (АКР) побара од Демократската партија на Косово (ПДК) на премиерот Хашим Тачи гаранции дека нејзиниот лидер Беџет Пацоли повторно ќе биде избран за косовски претседател или во спротивно се закани со напуштање на владината коалиција, објави денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“. Извор на весникот во АКР вели дека е можно партијата да ги повлече своите министри од косовската Влада на почетокот на следната недела, доколу Тачи не даде гаранции дека Пацоли ќе биде претседател на Косово. Вршителот на должноста претседател на АКР, Ибрахим Маколи за „Коха Диторе“ изјави дека Тачи треба да го почитува коалицискиот договор, според кој, косовскиот претседател треба да го даде Алијансата за ново Косово.
XS
SM
MD
LG