Достапни линкови

Анкета: Македонија ги исполнила стандардите за членство во НАТО


Близу 66 отсто од анкетираните сметаат дека Република Македонија ги исполнила стандардите за членство во НАТО, покажуваат резултатите од анкетата што на барање на Министерството за одбрана ја спроведе Институтот за политички истражувања - Скопје во периодот од 26 март до 1 април, на примерок од 1.190 испитаници. Според анкетата, 65,9 отсто од испитаниците позитивно одговориле на прашањето, 24,7 отсто одговориле негативно, а 9,4 проценти немале одговор. На прашањето, дали би прифатиле промена на уставното име на Република Македонија како услов за членство во НАТО, 62,2 проценти од испитаниците одговориле негативно, за 30,3 отсто тоа е прифатливо, а 7,6 отсто немале одговор.
XS
SM
MD
LG