Достапни линкови

Нови судири во Либија, бунтовниците напредуваат во Брега


Нови судири меѓу либијските бунтовници и силите лојални на лидерот Муамар Гадафи се случуваат во градот Брега, клучна нафтена локација во земјата. Бунтовниците напредуваат во борбата, користејки ја предноста од воздушните напади на меѓународната коалиција под координација на НАТО. Во меѓувреме, силите на Гадафи продолжуваат со бомбардирање на градот Мисрата, последниот центар на бунтовниците во западниот дел на Либија. Режимот на лидерот на северноафриканската земја го одби предлогот на бунтовниците за прекин на огнот.
XS
SM
MD
LG