Достапни линкови

Руските државни службеници се подготвени да ги напуштат компаниите


Игор Шувалов

Игор Шувалов

Руската влада преферира независни директори да раководат со државните компании, наместо министри и високорангирани државни службеници. Вицепремиерот Игор Шувалов во телевизиско интервју изјави дека државните службеници кои членуваат во бордови на руски државни компании се подготвени да ги напуштат функциите до први јули. Неговиот коментар следи по апелот на претседателот Димитриј Медведев за ставање крај на, како што рече, „претераното влијание“ на државните компании врз инвестициската клима во Русија.
XS
SM
MD
LG