Достапни линкови

Двајца работници пронајдени мртви во Фукушима


Фирмата која стопанисува со нуклеарната централа Фукушима во Јапонија потврди дека биле пронајдени две тела на работници, првите потврдени жртви во комплексот кој е оштетен од земјотресот кој ја погоди земјата минатиот месец и предизвика цунами бранови. Двајцата работници биле пријавени како исчезнати по природната катастрофа. Во меѓувреме, продолжуваат напорите за санирање на пукнат реактор кој ги озрачува водите на Пацификот. Затнувањето на пукнатината со цемент беше неуспешно и работниците сега се обидуваат да ја санираат штетата на вториот реактор со хемиски полимери.
XS
SM
MD
LG