Достапни линкови

Бунтовниците во Либија и понатаму ја подржуваат странската интервенција


Бунтовниците во Либија и понатаму ја подржуваат интервенцијата на меѓународната коалиција со цел затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја и покрај наводниот напад на странските сили во кој загинале 13 приврзаници на либијската опозиција. Бунтовниците го опишуваат инцидентот како несреќа и сметаат дека бил предизвикан откако еден од нивните борци истрелал проектил во воздух. Од НАТО велат дека ги истражуваат извештаите за инцидентот, кој се случи откако Алијансата ја превзема контролата на операциите во Либија од Соединетите американски држави. Претходно власта во Либија ја одби понудата на бунтовниците за примирје, нарекувајки го предлогот „налудничав“. Претставник на власта изјави дека силите лојални на лидерот Муамар Гадафи ќе останат во градовите кои ги држат под контрола.
XS
SM
MD
LG