Достапни линкови

Театарски маратон на 66 роденден на МНТ


од претставата „ЕЕГ“

од претставата „ЕЕГ“

Македонскиот народен театар денеска организира театарски маратон по повод 66-годишнината од постоењето на оваа национална театарска куќа. Во рамки на програмата на маратонот напладне на големата сцена на МНТ премиерно ќе биде изведена детската претстава „Самовилско јајце“ во режија на Снежана Коневска-Руси. На сцената на Универзитетот ЕСРА во 17 часот ќе биде изведена претставата „Салиери“ во режија на Андреј Цветановски. Во 18 и 30 часот на малата сцена на МНТ ќе биде одиграна претставата „Е.Е.Г“, а во 20 часот претставата „Буре барут“. На Факултетот за драмски уметности на полноќ ќе настапи кабарето „Оркестар ББ“. За театарскиот маратон картите се бесплатни и секој може да ги подигне со лична карта.
XS
SM
MD
LG