Достапни линкови

logo-print

Обама го осуди насилството во Авганистан и палењето на Куранот во САД


Американскиот претседател Барак Обама ги оцени како скандалозни убиствата во Авганистан кои се случија откако радикален христијански свештеник во САД го запали Куранот. Во соопштение на Белата куќа, претседателот вели: „Обесчествувањето на било кое свето писмо, вклучувајки го и Куранот, е нетолерантен акт и фанатизам“. Во писмената изјава на Обама се дополнува: „напаѓањето невини луѓе како одговор на палењето на Куранот е скандалозно и претставува напад на човековата чест и достоинство“. Во ниту една религија не се толерира колењето и охбезглавувањето на невини луѓе и нема оправдание за такви постапки, смета претседателот. Инаку, во насилствата кои избија во Авганистан загинаа дваесет лица.
XS
SM
MD
LG