Достапни линкови

logo-print

Вoнредни претседателски избори во Казахстан, Назарбаев веројатен победник


Нурсултан Назарбаев се чини ќе добие уште еден петгодишен мандат како претседател на Казахстан. На претседателските избори кои денеска се одржуваат во земјата, на 70 годишниот актруелен лидер му се спротиставија тројца кандидати, но освен што го повикаа на избори, никој од нив не понуди ништо конкретно. Противкандидатите во предизборните кампањи немаат наведено ништо против сегашниот шеф на централноазиската држава кој владее со Казахстан веќе 20 години, од времето на Советскиот сојуз. Опозицијата во земјата ги оспори вонредните избори, кои се одржуваат две години пред предвидениот термин, нарекувајки ги фарса и повика на гласачки бојкот. Предвремените избори се распишаа откако Казахстанскиот уставен совет го оспори предложеното референдумско гласање за продолжување на мандатот на Назарбаев до 2020 година. Во Казахстан до сега не се одржале избори кои меѓународните фактори ги процениле како фер и слободни.
XS
SM
MD
LG