Достапни линкови

logo-print

Над 5,000 луѓе осудени за тероризам во Саудиска Арабија


Над 5,000 луѓе се осудени за тероризам во Саудиска Арабија, јавија тамошните медиуми. Во извештаите не се споменува временската рамка во која биле изрекувани пресудите. Новинската агенција СПА јави дека случаите против 2,215 обвинети биле предадени на специјален суд за тероризам. Во 2003 година терористичката Ал Каеда започна со кампања за рушење на монархијата во земјата. Со помош на странски експерти, властите во Саудиска Арабија успеаа да ја прекинат камппањата во 2006 година.
XS
SM
MD
LG