Достапни линкови

logo-print

Изгласани измените на Изборниот законик


Собранието на Македонија денеска на продолжението на 146 седница со 68 гласа за и ниту еден воздржан и против, го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Во текот на расправата по законот во второ читање Благородна Дулиќ и Силвана Бонева изразија жалење што не е тука дел од опозицијата бидејќи во законот се вградени препораките на ОБСЕ и ОДИХР и речиси сите барања на опозицијата. Во рамки на денешната седница беа усвоени измените на над 35 закони, кои во најголем дел се однесуваат на реформите во јавната администрација. Донесени се и измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои се дава продолжение на рокот за добивање на лиценци до 31 март 2012 година.
XS
SM
MD
LG