Достапни линкови

logo-print

Тадиќ: Предвремени избори би го загрозиле патот на Србија кон ЕУ


Следните парламентарни избори во Србија не би требало да се одржат пред земјата да добие статус на кандидат за членство во ЕУ и датум за отпочување на претпристапните преговори, изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ. Говоорјеќи на седницата на Главниот одбор на неговата владејачка Демократска партија (ДС), Тадиќ нагласи дека евентуални предвремени парламентарни избори би донеле „извесна политичка нестабилност“, што би ги намалило европските шанси на Србија и би го загрозило нејзиниото приближување кон ЕУ. Тадиќ дополни дека на одржување предвремени избори инстистираат противниците на евроитеграцијата на Србија, додавајќи дека ДС нема да се согласи на тоа, не поради страв од изборен неуспех, туку поради загриженоста за иднината на земјата.
XS
SM
MD
LG