Достапни линкови

logo-print

Немири во Баку, полицијата фрлала солзавец во автобуси


Полицијата во Баку интервенираше против про-владини демонстранти кои во главниот град на Азербејџан се обидоа да организираа контра протести на маршот на опозицијата. Претходно безбедносните сили интервенираа со пендраци и гумени куршуми во обид да го спречат собирот на опозицијата кој власта не го одобри, но и покрај тоа, повеќе од 300 лица успеаа да одржат марш низ центарот на градот. Како што јави Азербејцанскиот сервис на Радио Слободна Европа, полицијата фрлала солзавец во автобусите во кои се превезувале демонстрантите. Опозиционерите велат дека во обид да се спречи нивниот собир, полицијата вчера и денеска уапсила илјадници лица.
XS
SM
MD
LG