Достапни линкови

Протести во Русија поради градежна измама


Околу 400 лица протесатираа во Москва, тврдејки дека биле оштетени во градежна измама. Протестот беше ставен во мирување откако демонстрантите беа уверени дека премиерот Владимир Путин се заинтересирал за случајот. Незадоволните граѓани тврдат дека изгубиле илјадници долари, пари кои ги инвестирале за купување станови во зграда во предградието на главниот град на Русија. Инвеститорот наводно се уште не почнал со изградбата на објектот. Од 1991 година до денеска многу жители на русија изгубија пари во проекти за стамбени објекти кои никогаш не се доградија.
XS
SM
MD
LG