Достапни линкови

НАТО ги проверува извештаите за цивилни жртви во Либија


претставници на меѓународната коалиција

претставници на меѓународната коалиција

НАТО соопшти дека ќе ги истражува извештаите за цивилни жртви во едно од бомбардирањата на меѓународната коалиција, чија примарна цел е затворање на воздушниот простор над Либија и спречување на цивилни жртви. „Ги разгледуваме овие извештаи“ рече портпаролката на Алијансата Оана Лунгеску. Бунтовниците сведочат дека најмалку 13 лица загинале во петокот во бомбардирањата на областа меѓу градовите Ајдабија и Брега во источниот дел на земјата. НАТО ја превзема контролата на операциите во Либија во четвртокот. САД претходно ја диригираа офанзивата на меѓународната коалиција.
XS
SM
MD
LG