Достапни линкови

Владата испрати нов предлог за измени на Изборниот законик


Владата до Собранието достави нов предлог за дополнување на Изборниот законик, кој ќе се најде на дневен ред на седницата закажана за 6 април. Во овие измени се содржани решенија согласно договорите на политичките партии за префрлување на Центар Жупа од шестата во петата изборна единица и политичките партии да имаат ист број за сите изборни единици. Измените ќе се носат по скратена постапка. Собранието денеска во рамки на 146. седница треба да гласа за дополнетиот предлог за измени на Изборниот законик, кој е ставен како 99. точка на дневниот ред.
XS
SM
MD
LG