Достапни линкови

Хрватска и Србија претрпеле штети од конфликтот во Либија


Економиите на Хрватска и на Србија претрпеле штети поради конфликтот во Либија, изјавија синоќа во Смедерево хрватскиот премиер Јадранка Косор и српскиот претседател Борис Тадиќ. По трилатералната средба со словенечкиот премиер Борут Пахор, Тадиќ и Косор соопштија дека разговарале за проблемите во Северна Африка и за можноста од прилив на бегалци во Европа. Косор оцени дека „ситуацијата во Либија се рефлектира врз економијата во Хрватска“, бидејќи многубројните Хрвати, кои работеле во Либија, се вратиле во татковината. Тадиќ од своја страна истакна дека Србија трпи штети од прекинот на дејноста на неколку српски фирми, кои имале договор со Либија. Тој истакна дека од кризата во северноафриканската земја се засегнати главно српски градежни фирми.
XS
SM
MD
LG