Достапни линкови

ЕУ - Санкции за оние кои ја поткопуваат Босна и Херцеговина


Catherine Ashton

Catherine Ashton

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон потпиша одлука со која ЕУ добива права да ги санкционира сите правни и физички лица, чии активности го поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот карактер на БиХ или го загрозуваат Дејтонскиот мировен договор.
Одлуката е донесена на 21 март, ден подоцна е објавена во „Службените весници на ЕУ“, со што стапи во сила.
Како што дознава весникот „Дневни аваз“, освен 27 земји-членки на ЕУ, обврска да применуваат санкции кои ќе ги воведе ЕУ презедоа и Албанија, Црна Гора, Турција, Лихтенштајн, Ерменија и Грузија.
Санкциите, според сараевскиот весник, се однесуваат на можната забрана за патувања, замрзнување на имотот што го имаат казнетите лица, како и правните лица.
XS
SM
MD
LG