Достапни линкови

logo-print

Кандахар - 5 жртви на протестите поради палење на Коранот


Пет лица загинаа, а 46 се повредени во Кандахар каде што денеска се одржуваат протести поради палењето на Коранот во една мала црква во Флорида во Соединетите Држави.
Протестите во Кандахар се случуваат и ден по вчерашниот напад на демонстрантите врз канцеларијата на Обединетите Нации во Мазар и Шариф во кој 8 странци и 4 авганистанци беа убиени.
Пасторот на Црквата во Флорида Тери Џонс изјави дека е вчудоневиден но дека не се чувствува одговорен.
XS
SM
MD
LG