Достапни линкови

Во март повисоки цените на мало и трошоците на живот


Цените на мало во Македонија во март годинава во однос на претходниот месец биле повисоки за 1,3 отсто, а трошоците на животот за 1,7 отсто. Во споредба пак со март лани кај цените на мало има пораст од 4,7 проценти, а кај трошоците на животот од 5,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот најмногу е забележан и кај електричната енергија за 5,4 и кај нафтените деривати. Намалување на трошоците на животот е забележано кај мастите, преработките од месо, алкохолните пијалаци, бањските услуги, превозот на патници, мебелот, средствата за образование и туристичките аранжмани и обувките.
XS
SM
MD
LG