Достапни линкови

logo-print

Заеднички патроли на македонско косовската граница


Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи и министерката Гордана Јанкулоска

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи и министерката Гордана Јанкулоска

Министерот за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкулоска и нејзиниот косовски колега Бајрам Реџепи денеска во Скопје потпишаа договор за заеднички мешани патроли на заедничката државна граница. Со договорот, како што оценија министрите, се отвора можност за поголема безбедност, но и за градење на довербата меѓу двете служби и двата народа. Министерката Јанкулоска покренала и иницијатива за воспоставување заеднички Центар за прекугранична полициска соработка. Министерот Реџепи меѓу другото посочи дека откако Косово ќе ги исполни условите околу воведувањето на биометриски документи, треба да се размислува и за можноста за минување на граничните премини и со лична карта.
XS
SM
MD
LG