Достапни линкови

logo-print

Србија, Хрватска и Словенија заеднички на пазарот


Српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерите на Хрватска и на Словенија Јадранка Косор и Борут Пахор

Српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерите на Хрватска и на Словенија Јадранка Косор и Борут Пахор

Српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерите на Хрватска и на Словенија Јадранка Косор и Борут Пахор денеска во Смедерево се договорија за заеднички настап на трети пазари. Соработката се однесува на проекти и сектори каде економски субјекти од Србија, Хрватска и Словенија ќе имаат можност да ги комбинираат своите капацитети. Можности за такви соработки констатирани се, пред се, во областите на градежништвото, одбранбената и безбедносната индустрија, автомобилската, дрвопреработувачката и прехранбената индустрија, како и во сферите на транспортот и комуникациите. Комуникацијата, како што е предвидено, ќе се одвива со посредство на копретседавачки Комисии за економска соработка од трите држави, а ќе биде воспоставена и работна група за соработка на трети пазари.
XS
SM
MD
LG