Достапни линкови

logo-print

Масовни про и анти-владини протести во Јемен


Масовни про и антивладини протести се одржуваат денеска во главниот град на Јемен, Сана. Десетици илјади подржувачи на претседателот Али Абдула Салех се собраа на неколку плоштади во градот, а тој им порача дека ќе го брани својот народ. Во меѓувреме, илјадници анти-владини демонстранти, на главниот плоштад бараат оставка од претседателот. Армијата постави контролни пунктови за да спречи евентуален судир меѓу про и анти-владините демонстранти.
XS
SM
MD
LG