Достапни линкови

Во Казахстан в недела претседателски избори


Денеска е последниот ден од кампањата за претседателските избори што в недела ќе се одржат во Казахстан. На нив се очекува да победи, како што и официјално се нарекува, ,,лидерот на нацијата,, Нурсултан Назарбаев. Убедена во неговата победа, владата веќе излезе со планови за патувањата на Назарбаев по изборите. Советници на претседателот неодамна изјавија дека тој не ги криел своите политички амбиции да биде претседател во текот на оваа деценија.
XS
SM
MD
LG