Достапни линкови

logo-print

Намалениот буџет негативно влијае на АРМ


Припадници на македонската Армија

Припадници на македонската Армија

АРМ за сега ги исполнува обврските од партнерскиот однос со НАТО, но процесот на модернизација на војската е забавен

Трендот на намалувањето на буџетот на Министертвото за одбрана во последниве три години влијаае негативно врз развојот на одбранбениот
Доколку финансиски не се поддржани реформските процеси, не само во Армијата, туку и во која сакате друга институција, тие ќе бидат или успорени, или ќе бидат загрозени.
систем, врз војниците и нивниот животен стандард, врз модернизацијата и може да остави последици врз реформите кои треба да се спроведуваат по НАТО стандардите, велат луѓето кои се запознаени со овој сектор.

Началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски кој е гостин во неделното инетрвју на Радио Слободна Европа изјави дека процесот на модернизација и опремување на војската е забавен, но влијанието што го има намалениот буџет не е причина Армијата да не ги исполни обрските кои ги има во партнерскиот однос со НАТО. Тој вели дека војниците квалитетно ги извршуваат своите задачи и тие заслужуваат поголемо внимение затоа што доколку не го добијат, во иднина може да настана проблеми.

Началникот на генералштабот на АРМ, Генерал потполковник Мирослав Стојановски

„Доколку финансиски не се поддржани реформските процеси, не само во Армијата, туку и во која сакате друга институција, тие ќе бидат или успорени, или ќе бидат загрозени. Јас искрено се надевам и очекувам, врз основа на проекциите кои се направени за растот на БДП, дека тоа нема да се случи и дека буџетот за АРМ во наредниот период ќе расте и ќе се врати на позициите од пред повеќе години.“
Доколку финансиски не се поддржани реформските процеси, не само во Армијата, туку и во која сакате друга институција, тие ќе бидат или успорени, или ќе бидат загрозени.

Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност вели дека во последниве неколку години се намалува буџетот за обуката и за набавка на нова опрема и оружје, а тоа негативно се одразува врз одбранбените подготовки на земјава.

„Во ситуација кога во Република Македонија припадниците на АРМ располагаат со застарени средства и опрема, кога голем дел од тие средства се добиени на подарок од пријатеслки земји, тогаш не можеме да зборуваме за професионален однос на припадниците Армијата кон поставувањето на задачите и кон развојот на системот за одбрана.“

Поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски вели дека во буџетот предвиден за Министертво за одбрана има доволно пари само за плати во, како што вели, и онака зголемената администрација и евентуално за ситно одржување на средствата. Тој смета дека со тоа нема пари за реализрање на проекти и инвестирање во армијата се прави уназадување на стандарите.

„Паралела, значи што се случува во МВР, таму е подигнат буџетот, наместо да е намален или да биде на исто ниво. Очигледно се покажува како политика на владата, кон Армијата владата се однесува како маќеа, наспроти МВР.“

Тој смета дека е загрижувачка ваквата паралела затоа што во секоја држава буџетот на Министертвото за одбрана е поголем од оној од Министертвото за внтрешни работи поради трошоците околку модернизацијата и технологијата која треба да ја вклучи во една современа армијата како и поради проектите кои треба да ги спроведе.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG