Достапни линкови

НАТО реформите заборавени?


Името да не се користи како изговор за неуспехот за членство во НАТО, туку да се работи и на останатите реформи, посочуваат експертите.

НАТО не е само воена, туку и политичка организација, а за да се стане дел од неа, потребно е да се исполнат и одредени политички критериуми, потсетуваат упатените во оваа област. Дел од нив укажуваат дека критериумите кои во таа насока се бараат од Македонија, во голема мера соодветствуваат со оние кои од нас ги бара Европската унија.
Професор Никола Дујоски од Факултетот за безбедност вели дека особено важен услов за членство во Алијансата е независноста на судството,
Значи во сите изјави претходно од претставниците на НАТО беше потенцирано дека Македонија мора да направи дополнителни напори за да го реформира судството кое ќе стане независно и ќе суди самостојно.
односно реформите кои се прават во тој сегмент.

„Значи во сите изјави претходно од претставниците на НАТО беше потенцирано дека Македонија мора да направи дополнителни напори за да го реформира судството кое ќе стане независно и ќе суди самостојно. Останатите политички критериуми се однесуваат на постојаниот политички дијалог, учество на сите партии во работата на Парламентот... Можеби проблем ќе настане доколку продолжи и понатаму, а ќе продолжи сигурно, проблемот со името, да ние некои од тие политички критериуми повеќе не ги задоволуваме“, изјави Дујоски.

Македонски војници

Се разбира дека прашањето за името станува еден од главните критериуми за приклучување на Македонија во НАТО, вели потпретседателот на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани. Сепак, тој предупредува дека тоа не значи дека треба да се остават настрана и останатите политички фактори кои се предуслов за наше членство.

„Не можеме да се вадиме секогаш само со тоа, ако најдеме компромис за името дека по автоматизам ќе бидеме членка на НАТО и понатаму ќе важат тие критериуми“, изјави Рамадани.
Не можеме да се вадиме секогаш само со тоа, ако најдеме компромис за името дека по автоматизам ќе бидеме членка на НАТО, и понатаму ќе важат тие критериуми.

Токму нерешениот спор за името со Грција, беше причината поради која земјава не го доби посакуваното членство во Алијансата на самитот во Букурешт во 2008 година. И покрај отворената поддршка која Македонија ја доби од Соединетите Држави, Грција го блокираше нашиот прием во Алијансата.

Инаку помошник генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика, Дирк Бренгелман, кој деновиве престојува во Скопје, веќе оствари средба со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Бренгелман вчера се сретна со премиерот Никола Груевски кој пред гостинот ја потенцирал цврстата определба на Република Македонија, преку реформи и придонес во мисиите на НАТО, да се однесува како рамноправен партнер меѓу земјите членки на Алијансата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG