Достапни линкови

Поранешниот претседател ја губи власта во Брегот на Слоновата Коска


Подржувачи на поранешниот претседател Лорент Гбагбо во Абиџан на 3 декември 2010 година

Подржувачи на поранешниот претседател Лорент Гбагбо во Абиџан на 3 декември 2010 година

Мировниците на ОН ја презедоа контролата врз аеродромот во главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, откако воениот командант што го држеше аеродромот се сврте против поранешниот претседател Лорент Гбагбо, кој одбива да ја напушти власта. Командантот, кој под своја команда имал околу 100 војници мирно им ја предал контролата на ОН.

Силите лојални на меѓународно признаениот претседател Аласан Оатара во изминативе 48 часа ја презедоа контролата врз неколку градови околу Абиџан и утринава влегоа во главниот град. Агенциите јавуваат дека борците лојални на Оатара ја нападнале резиденцијата на Гбагбо, а ја презеле контролата и врз државната телевизија.

Приврзаниците на Оатара се обидуваат да го истераат Гбагбо, кој одби да ја отстапи власта по изборите кои се одржаа на 28 ноември, иако и ОН потврдија дека тој изгубил.
XS
SM
MD
LG