Достапни линкови

Средба Обама-Перес во вторник


Барак Обама И Шимон Перес во 2008 година во Ерусалим

Барак Обама И Шимон Перес во 2008 година во Ерусалим

Американскиот претседател Барак Обама следната недела во Белата куќа ќе се сретне со израелскиот претседател Шимон Перес. Разговорите во врска со блискоисточниот мировен процес и со немирите во регионот, се закажани за во вторник, соопштува Белата куќа. Од таму велат дека Обама со Перес ќе разговара за цел спектар на прашања од заеднички интерес, вклучувајќи го прашањето за американско-израелската безбедносна соработка, последните случувања на Блискиот Исток, како и за мировните преговори меѓу Израел и неговите соседи.
Во меѓувреме, американските пратениците побараа од Обама да изврши притисок врз Палестинците да ги продолжат мировните разговори со Израел без предуслови.
XS
SM
MD
LG