Достапни линкови

Ирска бара нов пакет помош тежок 24 милијарди евра за спас на четири банки


Ирска, членка на еврозоната, побара нов пакет помош тежок 24 милијарди евра за помош на четири банки, како додаток на веќе одобрениот пакет за спас на економијата кој Меѓународниот монетарен фонд и го додели на земјата кон крајот на 2010 година. Како што соопшти ирската национална банка, четирите банки на кои им е потребна помош неодамна биле субјект во стрес тест на монетарната власт. Вакви тестови се спроведуваат за банките низ цела Европа а резултатите од тестирањата би требало да се објават во Јуни годинава.
XS
SM
MD
LG