Достапни линкови

Фукушима ги озрачи подземните води, 10,000 пати над дозволеното


Подземните води под вториот реактор на нуклеарната централа во Фукушима се озрачени 10.000 пати над дозволеното, соопштија денеска јапонските власти. Озраченост на водата е забележана и во подземните води кои поминуваат под првиот реактор на нуклеарката, соопшти денеска портпарол на компанијата која стопанисува со централата. За сега не се верува дека водата за пиење е озрачена. Претходно, надлежните изјавија дека нема потреба за проширување на зоната за евакуација околу објектот, што е спротивно на препораките на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG