Достапни линкови

logo-print

Најавени нови протести во Сирија


Демонстрантите во Сирија повикаа на нови протести во петок со кои ќе се бара политичка реформа. Повикот се случува по говорот на претседателот Башар Ал Асад, во кој лидерот обвини „непријатели“ за немирите. Во својот говор Асад не го спомена повлекувањето на закон за вонредни состојби донесен пред неколку децении, што беше едно од клучните барања на демонстрантите. Новинската агенција „Сана“ денеска јави дека била формирана комисија за „проучување“ на иницијативата за измени на спорната легислатива. Според активистите, 30 лица загинале во немирите во Сирија во изминативе две недели. Протестите главно се одржуваат во градовите Дара и Латакиа.
XS
SM
MD
LG