Достапни линкови

logo-print

Вељановски се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска го прими Дирк Бренгелман, помошник на генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика. На средбата Вељаноски рекол дека безбедноста на една држава, регион, па и пошироко не може да се темели само врз оружјето, армијата и полицијата, туку пред сé на градење на стабилни политички и економски состојби. Помошникот на генералниот секретар на НАТО, Дирк Бренгелман нагласил дека Алијансата во секој момент е подготвена за соработката со Република Македонија за да ја подигне на повисоко ниво, односно полноправно членство.
XS
SM
MD
LG