Достапни линкови

Пацоли: Нема потреба за оставка, јас заминувам од Кабинетот


Беџет Пацоли

Беџет Пацоли

Претседателот на Косово Беџет Пацоли изјави дека нема потреба да поднесува оставка на функцијата туку само го напушта Кабинетот. „Нема потреба за оставка, јас заминувам од Кабинетот на претседателот и процесот ќе почне од нула. Не сум сигурен дали повторно ќе се кандидирам за претседател, за тоа одлучува коалицијата. Ја ќе почитувам нивна одлулка“ изјави лидерот за приштински медиуми. Уставниот суд на Косово одллучи дека за време на изборот на Пацоли, во Собранието е прекршена процедурата, бидејќи немало противкандидат и обврзни две третини пратеници во првите два круга од гласањето. „Јас не го прекршив Уставот, јас сум жртва на Уставот и ќе почитувам одлука на судот“ додаде тој. Од друга страна, Ибрахим Гаши, советник на Пацоли, рече дека Пацоли повторно ќе се кандидира за функцијата претседател.
XS
SM
MD
LG