Достапни линкови

НАТО ги проверува извештаите за цивилни жртви во Либија


НАТО соопшти дека ги истражува извештаите за цивилни жртви во воздушните напади во главниот град во западниот дел на Либија. Претходно Џовани Иноцензо Мартинели, претставник на Ватикан во либијскиот главен град изјави дека најмалку 40 цивили загинале во воздушните напади на западните сили. Претставник на Алијансата денеска потврди дека за сега нема информации за потврда на ваквите изјави. Либијските власти однесоа странски репортери до местата каде тврдеа дека имало цивилни жртви од воздушните напади на меѓународната коалиција, но немаше видливи докази за нивните тврдења.
XS
SM
MD
LG