Достапни линкови

Американска донација за клиниката за детска хирургија


Филип Рикер

Филип Рикер

Универзитетската клиника за детска хирургија денеска доби донација од Министерството за одбрана на САД во вредност од 350 илјади долари од кои 250 илјади се наменети за одделот за Интензивна нега за набавка на нова медицинска опрема, а 100 илјади долари за реновирање на клиниката. Станува збор за набавка на 30 до 40 апарати меѓу кои се и апаратот со кој рано може да се определува шокова состојба, машина со која се мери седација на мозокот, машина за инвазивна хирургија итн. Американскиот амбасадор во Република Македонија Филип Рикер по примопредавањето на донацијата изјави дека таа ја симболизира работата на многубројни посветени луѓе кои, како што рече, работеле напорно да изградат капацитет, квалитет и здравствена грижа. „Ова што го гледате денес го покажува она што може да се направи кога две влади работат заедно. За САД ова е продолжение на напорите кои ги направивме за да ја продолжиме раката на пријателството со Македонија во многу области“ рече Рикер.
XS
SM
MD
LG