Достапни линкови

logo-print

Шлумберже: размена на човечки ресурси за подобрување на туризмот


Размената на човечки ресурси и искуства меѓу Македонија и Франција, како и професионалното управување со историско-културните објекти, ќе помогне да се зголеми бројот на француски туристи во државата. Ова е оценката на францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже при денешната посета на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Според дипломатот, човечката размена е многу важна и особено ценета во меѓународните кругови. Негова голема задача, како што рече, ќе биде туристичката размена меѓу Македонија и Франција да биде што поголема. „Знам дека Франција е моше важна и посакувана туристичка дестинација и знам оти многу Македонци ја посетиле мојата земја, но исто така посакувам што поголем број Французи да ја посетат Македонија“ рече францускиот амбасадор.
XS
SM
MD
LG