Достапни линкови

Азербејџански активист уапсен пред најавените протести


Дајанат Бабајев

Дајанат Бабајев

Младински активист бил уапсен во Азербејџан пред одржување на најавените антивладини протести, кои се планираат за викендов. Лидерот на опозицискиот народен фронт Али Керимили во изјава за медиумите потврди дека лидерот на младинскиот огранок на партијата Дајанат Бабајев бил уапсен пред три дена, што според опозиционерите е обид за обесхрабрување на демонстрациите. Обвинувањата против Бабајев се уште не се обелоденти, тврдат од опозицијата. Полицијата претходно предупреди дека ќе сопре било какви намери за учество во илегалниот собир викендов.
XS
SM
MD
LG