Достапни линкови

logo-print

Ставрески: Кредитниот рејтинг на Македонија е непроменет


Зоран Ставрески

Зоран Ставрески

Агенцијата за кредитни рејтинзи „Стандард и Пурс“ ја потврди оценката за Македонија која останува со кредитен рејтинг ББ стабилен и по повлекувањето на средствата од Меѓунариодниот монетарен фонд рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Тие потврдија дека повлекувањето на средствата од ММФ воопшто нема да влијае на оценката на „Стандард и Пурс“ за Македонија“ дополни Ставрески. Министерот изјави дека вкупниот јавен долг на државата моментно изнесува 33,5 проценти што, како што рече, е двојно пониско од европскиот просек. Министерот смета дека најдобро за економијата е што побрзо да завршат изборите и да се формира нова влада која ќе ја презентира својата четиригодишна програма и ќе ги објави своите политики.
XS
SM
MD
LG