Достапни линкови

Три милиони евра казна за Грција поради задоцнета примена на европска директива


Европскиот суд денеска и наложи на Грција да плати парична казна во висина од три милиони евра бидејќи задоцнила со примена на европската директива, што се однесува на жртвите од кримианл. Државите-членки на Европската унија требаше да ја применат директивата, со која се олеснува обештетувањето на жртвите од криминал во трансграничните случаи, до 1 јули 2005 година. Европскиот суд во 2007 година утврди дека Грција не ја применила на време директивата, а до истиот заклучок дошла и во 2009 година. Два месеца подоцна Грција ја применила директивата. Атина доцнењето го правда со внатрешните проблеми, како и со предвремените избори.
XS
SM
MD
LG