Достапни линкови

logo-print

Саркози побара реформа на глобалните нуклеарни стандарди


Николас Саркози

Николас Саркози

Францускиот претседател Николас Саркози побара реформа на глобалните нуклеарни стандарди до крајот на годинава поради ситуацијата во Јапонија. Саркози, актуелниот претседател на групата 20 најмоќни земји, денеска стана првиот странски лидер кој ја посети Јапонија по катастрофалниот земјотрес кој предизвика цунами беранови на 11 март. Во природната катастрофа беше оштетена нуклеарната централа во Фукушима. Реакторите се ладат со морска вода поради падот на системот за ладење на јадрата а јапонските власти соопштија дека морската вода во близина на нуклеарката содржи 4,385 пати повеќе радиоактивен јод од дозволеното ниво.
XS
SM
MD
LG