Достапни линкови

logo-print

Хејг: Режимот на Гадафи се распаѓа одвнатре


Вилјам Хаг

Вилјам Хаг

Пребегнувањето на либијскиот министер за надворешни работи во Британија покажува дека режимот на лидерот Муамар Гадафи се распаѓа одвнатре, изјави британскиот секретар за надворешни работи. Вилјам Хејг дополни дека неговиот колега Муса Куса изјавил оти ќе отстапи од функцијата. „Разговараме со него за ова и ќе соопштиме детали. Ги охрабруваме и другите околу Гадафи да го напуштат и да придонесат кон подобра политичка иднина за Либија“ изјави Хаг. На Куса не му бил понуден имунитет од британското меѓународно обвинителство. Во меѓувреме, НАТО од денеска ги контролира операциите во северноафриканската земја. Генералниот секретар на Алијансата изјави дека целта на мисијата е заштита на цивили од напади на силите лојални на либијскиот лидер.
XS
SM
MD
LG