Достапни линкови

Собранието пред распуштањето треба да избере претседател на ДИК и да донесе измени во изборната регулатива.

Парламентот може да се распушти најрано на 6 април, а најдоцна на 20 април согласно уставните и законските рокови според кои избори треба да се одржат минимум за 45 дена, а максимум за 60 дена по распуштање на
За побрзо да појдеме на предвремени избори треба да се избере претседател на ДИК, да се усвојат измените и дополнувањата на изборниот законик. Тоа се првите предуслови да имаме фер и демократски избори во Македонија.
парламентот. Во меѓувреме, Собранието треба ги донесе измените на изборниот законик и да избере нов претседател на ДИК.

На предлог на СДСМ на оваа позиција треба да дојде Борис Кондарко. Сепак, СДСМ нема да се врати во парламентот за да учествуваат во неговото распуштање. Изборниот законик треба да се најде во собраниска процедура во петок или во сабота за кога се закажани собраниски седници а не е исклучено тогаш да се гласа и за избор на претседател на ДИК, ако се обезбеди двотретинско мнозинство.


„За побрзо да појдеме на предвремени избори треба да се избере претседател на ДИК, да се усвојат измените и дополнувањата на изборниот законик. Тоа се првите предуслови да имаме фер и демократски избори во Република Македонија“, изјави Сафет Незири од ДУИ.

ЛДП е опозициска партија која и досега е дел од парламентот и најавуваат дека ќе присуствуваат на денот на распуштањето на законодавниот дом. Според нивните пресметки тоа ќе се случи кон крајот на идната недела, односно на 10 или на 11 април. Во однос на претстојните чекори кои треба да ги донесе Собранието, Роза Топузова Каревска изразува одредени забелешки:
Што се однесува до изборниот законик кој веќе е во втора фаза. ВМРО ДПМНЕ сами си предложија амандмани и си ги изгласаа, под изговор дека тоа се барања на опозицијата, па очекувам сами да го изгласаат.


„Што се однесува до изборниот законик кој веќе е во втора фаза. ВМРО-ДПМНЕ сами си предложија амандмани и си ги изгласаа, под изговор дека тоа се барања на опозицијата, па очекувам сами да го изгласаат.“

Со ова не се соглсува Незири од ДУИ

„Во Собранието имаат право да присутвуваат и реагираат сите политички партии со свои амадмани, но сепак мислам дека ние ќе ги исполниме забелеките на ОДИХР и ОБСЕ.“

Во Нова демократија најавија дека ќе се вратат во парламентот на денот на неговото распуштање, но не и на усвојувањето на законските решенија:

„Сите знаеме дека не се случи консензус, и тогаш не гледаме потреба да бидеме присутни во Собранието како декор“, изјави Флора Кадриу од Нова демократија.

Сличен и е ставот и на партиајта на Мендух Тачи, која што по две години бојкот се врати во парламнтот, но како што рекоа од технички причини.

Инаку во Собранието до распуштањето претстои уште една измена која се однесува на тоа дека не смее да се оди на избори без да се коригира бројот на изборни единици, односно бројот на гласачи во изборните единици.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG